Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, на денешната прес-конференција ги претстави клучните здравствени проекти што се дел од неговата програма за следните четири години, најавувајќи нов пристап во локалната здравствена политика.

„Јас денес, но и како иден градоначалник, се гледам себеси и како дежурен лекар на 80.000 жители во општина Чаир“, изјави Османи, нагласувајќи дека, иако здравството не е директна општинска надлежност, секоја локална политика има влијание врз здравјето на граѓаните.

Најзначајниот проект што Османи го најави е воспоставување на мобилна болница, како караван кој секојдневно ќе биде присутен во различни маала, каде што граѓаните ќе можат бесплатно да направат превентивни здравствени прегледи.

„Секој ден во едно маало ќе има мобилна болница, во која граѓаните доброволно ќе можат да направат превентивни здравствени прегледи. Ова е многу важно, не само за откривање на поединечни случаи, туку и за зголемување на општата свест“, рече Османи.

Вториот столб на здравствената програма се здравствените тимови за повозрасните лица, составени од лекари и медицински сестри, кои ќе ги посетуваат пензионерите и лицата што живеат сами.

„Повозрасните лица на некој начин се најпогодени во однос на здравјето. За нив ќе подготвиме здравствени тимови од лекари и медицински сестри кои ќе одат и ќе ги посетуваат во нивните домови кога ќе има потреба“, истакна Османи.

Тој најави и посебни превентивни програми за жените, со фокус на раното откривање на рак на дојка и поддршка на физичкото и менталното здравје.

„Прашањето за жените беше најважниот приоритет во здравствената програма. Општината ќе има посебни проекти за приоретизирање на нивното здравје“, изјави Османи.

Османи потенцираше дека новата визија за здравството во Чаир се темели на превенцијата, а не на скапи и задоцнети интервенции. Тој предупреди дека сегашната состојба во Чаир е загрижувачка.

„30% од децата во Чаир имаат повеќе хронични заболувања на белите дробови поради нечистотијата, поради правот на нашите улици. Полициските извештаи покажуваат дека четири лица дневно во Чаир завршуваат на операциона маса, поради урбаниот хаос и сообраќајните несреќи“, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Ако е Мицкоски криминофоб, се плаши ли од 150 дивоградби во Чаир, или провизиите за Скендербег?

Катерина Ѓуровски

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски

Османи: Мицкоски е албанофоб, ги мрази Албанците и сака да ги тргне од институциите

Османи: Секоја продавница што ќе се отвори во Чаршија ќе биде субвенционирана, секој мајстор кој ќе обучи чирак, ќе има стипендија