Поранешните сопружници Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се разведоа на крајот од 2024 година по осумгодишна парница. Иако тој судски процес е завршен, спорот околу сопственоста на француската винарија Шато Миравал сè уште трае.
Џоли и Пит се со сопственици на имот вреден 25 милиони долари, а пред четири години Анџелина го продаде својот дел на руски олигарх.
Бред ја тужеше во 2022 година, тврдејќи дека таа го прекршила нивниот договор.
Џоли сега поднесе барање до судот во Лос Анџелес во кое истакна дека го информирала Бред за продажбата и го обвини дека води „војна на одмазда“ против неа.
На 6 октомври, таа достави документ до судот во кој наведе дека Бред ја замолил да потпише договор за доверливост/неоткривање информации.
„Немаше потреба за тој договор, бидејќи не поднесов тужби, ниту зборував за настаните што доведоа до нашиот развод. Всушност, во претходните пет години, никогаш јавно не кажав ни збор за неговите постапки. Како мајка на нашите деца, но и како застапник на жртвите на насилство низ целиот свет, неговото барање го сметав за исклучително болно“, изјави Џоли.
Периодот на разделба меѓу неа и Бред беше исклучително тежок и трауматичен за неа, не само за неа, туку и за нивните деца. Таа исто така рече дека таа и децата повеќе не стапнуваат во Миравал, бидејќи тоа ги потсетува на болните настани и грдите моменти што доведоа до разделбата.
„Миравал беше еден од нашите први големи заеднички потфати, центарот на семејниот живот. Се венчавме таму, јас поминав дел од бременоста таму и ги донесовме нашите близнаци дома од болница. Ненадејното раскинување со тоа место и спомените беше многу тешко, особено за децата“, рече таа.
Џоли поднесе барање за развод во 2016 година, а таа му дозволи на Бред бесплатно да ги користи семејните домови во Лос Анџелес и Франција. Се надеваше дека тоа ќе придонесе за смирување на нивната врска.
Се посвети на своите деца и две години одбиваше деловни понуди за да се фокусира на нив, и како резултат на тоа беше во незавидна финансиска состојба, не можеше да си дозволи да купи куќа во Лос Анџелес. Пит се согласи да ѝ ги позајми парите, но со камата, а потоа ја тужеше за продажба на нејзиниот дел од француска винарија без негово знаење.
Таа исто така бара од судот Пит да ѝ ги исплати 33 илјади долари, кои ги потрошила на адвокати.