Облачно и денеска, од утре суво и потопло

Од:

Времето денеска е променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.

До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло време со температура до 35 степени

А1он

Сончево и топло време со температура до 33 степени Целзиусови

А1он

Топло со високи температури и следната седмица

Топло и денеска и следната недела

Викендов до 36 степени, топло и следната недела

Викендов топло, со најава за невреме попладне

Катерина Ѓуровски