Леброн Џејмс оди во пензија?

Од:

Најдобриот НБА стрелец на сите времиња – Леброн Џејмс и човекот кој постигна 40.000 поени (единствениот во историјата на кошарката) би можел наскоро да ја заврши кариерата.

За овој негов потег се зборува веќе некое време, а Леброн дополнително „ја скокотка имагинацијата“ објавувајќи „Одлука“ на социјалните мрежи.

Ова се однесува на познатата „Одлука“, слично како одлуката за тоа каде Леброн Џејмс ќе ја продолжи кариерата во 2010 година, кога ги напушти Кливленд Кавалирс (за прв пат).

Потоа Леброн објави на националната телевизија дека оди во Мајами Хит, а ќе видиме што ќе објави сега – се верува, крај на неговата кариера.

Големата одлука на Леброн Џејмс ќе биде објавена утре напладне по американско време, односно во 18 часот по македонско време.