Аврамоска: Левица во Советот на Охрид беше најактивна партија – така и ќе продолжиме

Од:

„Во изминатиот мандат токму Левица беше најактивната политичка партија во Советот на Општина Охрид и најгласен застапник на интересите на граѓаните”, истакна носителката на советничка листа на Левица во Општина Охрид, Виолета Аврамоска, на средбата со граѓани во Охрид на која присуствуваа претседателот нa Левица, Димитар Апасиев, пратеничката Јована Мојсоска, и останатите кандидати за советници.

„На нашата советничка листа има повеќе кандидати жени отколку мажи – 12 жени и 11 мажи. Тоа е доказ дека жената не сака да биде само нем набљудувач на локалните политики, туку и активен креатор“ – изјави Аврамоска.

Таа потсети дека Левица во изминатите четири години била единствената партија што редовно поднесувала иницијативи до Советот со цел решавање на конкретни проблеми на граѓаните.

„Од иницијативите кои се реализираа, посебно значајна е онаа за отворање на простор за деца со церебрална парализа во објект во поранешната касарна. Бевме најактивната политичка партија која на таков начин дејствуваше во Советот на Општина Охрид, за разлика од некои советници на кои четири години ни гласот не им го слушнавме“ нагласи таа.

Аврамоска додаде дека Левица ќе продолжи со истото темпо и во новиот мандат, со цел, како што рече, „да се врати вистинската смисла на локалното претставување и да се слушне гласот на граѓаните“.

Би можело да ве интересира

Левица: Остана уште Мицкоски да се самоизбере за член на Регулаторна комисија за енергетика – ново скандалозно назначување

Левица: Не пропаднаа 4 милиони евра – ДПМНЕ и СДСМ си обезбедија 10 милиони за политичка пропаганда

(ВИДЕО) Крмов: Сточарите го даваат млекото без цена, а Владата замижува пред неконтролираниот увоз

Левица: СДСМ ќе останат запаметени дека поради таен договор со Мицкоски не дозволија опозициско обединување за една изборна единица

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски го допре дното – наместо аргументиран и приземен одговор, со лични навреди и вмешување на семејството го нападна Мециновиќ