ВИДЕО: Принцезата од Велс воодушеви со снаодливоста симнувајќи се од авион на високи потпетици

Од:

Принцезата од Велс е позната по својата елеганција и ретко прави грешки, а тоа го докажа и за време на посетата на Линколншир минатиот четврток. Видео од 43-годишната идна кралица стана вирално откако таа покажа неверојатна вештина – одење наназад во своите препознатливи штикли од од 10 сантиметри без никаков напор.

За време на посетата на RAF Coningsby, принцезата храбро се искачи по тесни скали за да ја види пилотската кабина на борбен авион Тајфун, а потоа се врати надолу, привлекувајќи восхит од присутните и корисниците на социјалните мрежи.

@emisabethlilibet Stepping backwards down a portable staircase from a Typhoon fighter jet – in stiletto heels #princessofwales #catherinemiddleton #princesscatherine #katemiddleton #royalfamilyuk ♬ son original – Trendformusic🤍🇲🇺

Коментарите на социјалните мрежи постојано се ширеа. „Принцезата Кејт, совршенство дури и кога оди наназад“, напиша еден обожавател. Друг додаде: „Таа навистина може да направи сè“, додека трет коментираше: „Таа облека е многу шик. Апсолутно сум шокирана што успеа да излезе од авионот во тие високи потпетици“. За таа пригода, Кејт носеше елегантен сив костум со џемпер во иста боја, уште еднаш потврдувајќи го својот статус на модна икона.

Но, нејзините вештини не застанаа само на одење во потпетици. Принцезата, исто така, проба симулатор за летање, каде што дури и изведе круг. Иако откри дека никогаш претходно не летала со симулатор на авиони, само еден за обука на пилоти на хеликоптери, таа го совлада виртуелниот лет со леснотија.

Нејзиниот талент беше пофален и од командантот на групата Пол О’Грејди. „Се чини дека е природен пилот, па можеби ќе треба да ја квалификуваме и да ја натераме да лета со Тајфунот, ако е подготвена“, рече тој.

Ова беше првата посета на Кејт на база на RAF откако беше назначена за почесен кралски воздушен комодор. За време на посетата, таа се дружеше и со воени семејства и откри еден симпатичен детаљ – нејзиниот најмлад син, принцот Луис, се надева дека еден ден ќе стане пилот на борбен авион. Сепак, таа додаде со насмевка: „Ќе им кажам (на моите деца) дека обуката трае осум години и бара многу напорна работа“.

Би можело да ве интересира

Вилијам и Кејт не дозволуваат нивните деца да имаат мобилни телефони

А1он

Моден двобој: Меланија ја покажа својата моќ со голи рамена и со шлиц, Кејт Мидлтон воодушеви со свила и чипка

А1он

Кејт Мидлтон го смени имиџот

А1он

(ВИДЕО) Принцезата Кејт пречекана со овации на Вимблдон

А1он

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам годишнината од бракот ќе ја прослават во Шкотска – земјата во која се заљубија

А1он

Се разведуваат ли принцот Вилијам и Кејт Мидлтон?

А1он