Дарио Ивановски е победник на Скопски маратон

Од:

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, триумфираше на Скопскиот маратон со фантастично време од 2:14,50 часа, оставајќи ја зад себе конкуренцијата од Кенија и други држави.

Нашиот маратонец одлично ја темпираше трката — долго време беше во водечката група, потоа падна на втората позиција, но со моќен финиш успеа да го престигне кениецот Џулијан Кипкоеч и по вторпат да се закити со титулата на домашниот маратон.

Кипкоеч заврши втор со заостанување од 30 секунди, а третото место му припадна на грузискиот Давити Каразишвили.

Во женска конкуренција трумфираше Кенијката Ирине Џеруто, второто место ѝ припадна на Маринела Нинева од Бугарија која патеката ја истрча за 2:45:36 часа, а трета беше Ана Јусупова од Азербејџан со време 2:48:10 часа.

Во полумаратонската трка најбрзо време истрчаа Албион Имери во машка и Греса Бакрачи во женска конкуренција. Имери патеката ја истрча за 1:07:57 часа, а зад него беа македонските натпреварувачи Иван Пешовски на второто место со време од 1:11:30 часа и Александар Арсов на третата позиција кој истрача за 1:12:52 часа.

Во женска конкуренција, на полумаратонската трка победи Греша Бакрачи од Косово. На втората и третата позиција се најдоа македонските натпреварувачки Теа Божиновска која беше втора со време од личен рекорд 1:21:10, а третата позиција ѝ припадна на Милјана Ристиќ-Стојчевска.

Во најмасовната трка на пет километри, на која на стартот се појавија околу 10 000 учесници, победија Григоријан Никовски и Ирма Хајдари.

Во штафетниот маратон – ЕУ за спорт, победата во машка конкуренција ја однесе екипата „Врањски маратонци“ со време со 2:26:34 часа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопски маратон срамно злоупотребен од Орце и ДПМНЕ

Привремен сообраќаен режим за време на одржувањето на 21. Виз Ер Скопски маратон

Поради „Виз ер- Скопски маратон“ в недела во Скопје посебен режим на сообраќај

Во Скопје во недела се одржува Маратонот, ќе има изменет сообраќаен режим

Жарко Настоски

Децата ќе го започнат викендот на Скопскиот маратон со трка за училишта без насилство

Ана Ололовска