Тоневски: Нова индустриска зона во Пробиштип и можности за отворање на нови фабрики

Од:

Градоначалникот, советниците и администрацијата можат да реализираат илјада проекти, но ако не обезбедат услови за раст и развој на локалната економија, попусто ќе се новите или обновените игралишта, градинки и училишта, изјави кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски.

– Силната локална економија е директен фактор и индикатор за квалитетен живот на секој граѓанин. За да ја зајакнеме локалната економија ќе изградиме нова индустриска зона со целосна инфраструктура. Ќе создадеме можности за отворање на нови фабрики, погони за отворање на нови работни места. Поголемата конкурентност ќе придонесе за подобри работни услови но и за повисоки плати. Со конкретни мерки како обезбедување на бесплатни канцелариски простори, помош и поддршка при аплицирање до меѓународните фондови преку организирање на трибини и обуки ќе ги стимулираме и поддржиме младите, но и малите и средни претпријатија во развојот на нивниот претприемачки дух. Са вложуваме заедно, да ја градиме општината заедно, затоа што економски силна општина е успешна општина, рече Тоневски.

Би можело да ве интересира

Во Пробиштип откриена е спомен-биста на полицаецот Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“

А1он

Работничка е тешко повредена во фабрика во Пробиштип

Горан Наумовски

(ИНТЕРВЈУ) Тоневски: Време е да го потсетиме Пробиштип за неговиот потенцијал

A1on

Измамник не платил за нарачаниот градежен материјал

Изгореа 300 хектари борова шума во неколку пробиштипски села

Горан Наумовски

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Пробиштип го чека Анастасов да остане на зборот и да си поднесе оставка заради јаловиштето