Вреди е измама, е „политичкиот Франкенштајн“ на Мицкоски, велат од ДУИ

Од:

Промотивната конвенција на коалицијата Вреди, одржана синоќа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, јасно го покажа политичкиот реалитет: не само што граѓаните не им веруваат, туку и нивните поранешни поддржувачи ги напуштија. И покрај разулавената пропаганда и нелегалните притисоци од власта, салата остана со празни седишта, додека вистинската жива атмосфера чукаше низ чаршии – од Скопје и Куманово, во Гостивар, Тетово, Кичево па сè до Струга, се наведува во соопштението од ДУИ.

Народот не одговори на повикот да поддржи проект кој веќе ја изгуби секоја кредибилност и се претвори во голема измама. Причината е јасна: ВРЕДИ не исполни ништо, апсолутно ништо од дадените ветувања. Од големите изборни зборови, денес останаа само разочарување и разобличени лаги:

• Ветуваа 2.500 вработувања – граѓаните добија нула.
• Ветуваа 10.000 евра за секој граѓанин – граѓаните добија нула.
• Ветуваа Албанска академија на науките – го донесоа Додик и српските донации.
• Ветуваа албанска банка – донесоа српска банка.
• Ветуваа уставни измени и европска интеграција – го донесоа „српскиот свет“.
• Ветуваа национални програми – го донесоа српскиот МТЕЛ.
• Ветуваа почитување на Охридскиот договор – го предадоа во рацете на путинистот Иван Стоилковиќ.

Бледата конвенција на ВРЕДИ е најјасната фотографија на нивниот неуспех. Албанците веќе ја донесоа својата одлука: тие повеќе не им веруваат, ги напуштија и ги гледаат токму такви какви што се – како огранок на ВМРО кај Албанците. На 19 октомври, граѓаните со глас ќе го заверуваат овој вердикт: Вреди е измама, е „политичкиот Франкенштајн“ на Мицкоски, додека ДУИ останува единствената адреса на Албанците за силно, достоинствено и европско претставување, велат од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Фазлиу: Парите на тајниот шеф на полицијата Мијалков, преку фамилијата на Али Ахмети, завршуваат кај режимот на Александар Вучиќ

Касами: Тетово станува компактен, поврзан и зелен град

Горан Наумовски

Чаир заслужува работа, визија и конкретни дела, порача Меџити

Влен: Патриотизмот на ДУИ е скината завеса што повеќе не може да ги покрие нивните крадци и предавства

Меџити: Гласот на еден млад човек е една од највредните работи во демократијата