СДСМ нема никаква соработка со ДУИ и Левица, тоа се само празни, неиздржани обвинувања, вели Филипче

Од:

СДСМ нема никаква соработка со ДУИ и Левица. Тоа се само празни, неиздржани обвинувања, рече денеска претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче. Тој на прес-конференција повтори дека партијата на локалните избори настапува само во соработка со своите коалициски партнери. На ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ им порача да зборуваат за сериозни теми, наместо да се препукуваат и, како што нагласи, да подгреваат национализам.

Филипче воедно обвини дека досега не е донесен ниту еден реформски закон од сферата на правосудството, како и дека Владата нема капацитет да се справи со предизвиците.

-ВМРО-ДПМНЕ е веќе очајно кога зборува за судството. Сакам јавно да ги прашам до кога Венко Филипче и СДСМ ќе им бидат криви што не можат да спроведат ништо ниту една реформа, година и пол наназад поставуваат свои судии и обвинители и само го партизираат судството, нема ништо суштинско од спроведувањето на реформите. Јас бев тој што подаде рака, бев на состанок кај премиерот да направиме заеднички работни групи, да се спроведе реформската агенда, но досега не е донесен ниту еден реформски закон од сферата на правосудството. Од 12 што требаше да се донесат оваа година, седум од нив до јуни и уште пет до нова година, не само што ниту еден не е донесен, туку не е ниту поднесен од страна на Министерството за правда во Собраието. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ сака да го контролира судството. Не може партиски портпароли да кажуваат кој треба да биде зад решетки, тоа треба да го каже независно и целосно функционално судство. Тоа го бараат граѓаните, рече Филипче.

Според него, „граѓаните веќе го гледаа филмот со партизираното судство кога ВМРО-ДПМНЕ го користеше за закани и како инструмент за политички прогон“.

-Репризата на филмот ниту некој сака да ја гледа, ниту поминува и сметам дека граѓаните треба да ги казнат на изборите за ова однесување, потенцира лидерот на СДСМ.

Одговорајќи на новинарски прашања, Филипче уште еднаш ги отфрли информациите за наводна соработка на СДСМ со ДУИ и Левица.

-Тоа се само празни обвинувања кои не се никако издржани. Ние нашите ставови во однос на тоа како се поставивме во однос на првиот круг и како ќе се поставиме во однос на вториот круг од изборите кажавме јасно и гласно – настапуваме автентично, сами, заедно со коалициските партнери во рамки на коалицијата. Ги слушам меѓусебните обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и сметам дека граѓаните не можат да видат ништо добро од такво подгревање национализам, од такви празни флоскули, едноставно им е преку глава, имаат секојдневни проблеми пред се во делот на економијата. Мора да сфатат сите политички чинители дека треба да се зборува за сериозни теми. Не може веќе да слушаме дали некој е лав или орел, врапче или маче, има сериозни теми: како е поставена локалната самоуправа во пресрет на изборите, како ќе се регулираат даноците,…, треба да се зборува за реформи во здравствениот и образовниот систем, потенцира Филипче.

Негова оценка е дека минатогодишната кампања беше лажна, со многу празни ветувања.

-Секој ден се повеќе и повеќе граѓаните сфаќаат дека ветувањата беа и лажни и празни. Имаме катастрофална состојба во економијата, трет месец по ред намалување на платите во државата што не се случило во времето на владеење на СДСМ, околу 12 000 форми доцнат со исплата на плати со месеци, меѓу 5 000 и 10 000 фирми не можат да го наплатат ДДВ-то, 6 – 12 месеци дел од нив се и месечни и даночни обврзници. Во наше време имаше поврат на ДДВ истиот ден, а сега има сериозно нарушување на ликвидноста на стопанството зашто доцнат исплатите од државата и општините, имаме дивеење на цените во маркетите и Влада која не сака ништо да направи за тоа. Се ова е доказ дека оваа Влада нема капацитет да се справи со она што се предизвици за граѓаните. Реформската агенда во правосудството што требаше да донесе 80 милиони евра од Планот за раст, не е напишана, нацртана е на хартија како треба да се спроведе. Кога знаете што треба да правите и сте прифатиле одговорност, нема оправдување зошто тоа не е сработено, нагласи Филипче.

За изјавата на премиерот дека Македонија е петта во Европа по раст на платите, Филипче напомена дека реалноста е поинаква.

– Премиерот може да каже што сака, но реалноста е дека платите трет месец по ред паѓаат. Граѓаните нема да веруваат во лажни изјави зашто најдобро знаат дали можат да врзат крај со крај во текот на месецот. Навистина не знам зошто Владата не ги користи механизмите што и се на располагање, рече претседателот на СДСМ, Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Прочитан си како буквар, не направи ниту една реформа во судството, не те интересира правда

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ: Кампањата ја селиме на улица

Левица: Мојсоска поднесе ургенција до МВР и Обвинителство – дивоградбата си крена уште еден кат

ВМРО-ДПМНЕ: Ако нашето судство и обвинителство не беше во скутот на Заев и Ахмети, Филипче до сега ќе беше зад решетки

Левица: ОБСЕ ја истражува цензурата врз партијата