Поранешниот француски претседател Никола Саркози денес изјави дека е невин и дека одлуката на парискиот суд да го осуди на пет години затвор за учество во криминална организација во случај покренат поради сомневања за либиско финансирање на претседателската изборна кампања во 2007 година е скандалозна.
„Оваа пресуда е исклучително сериозна за владеењето на правото. Омразата не познава граници. Ако навистина сакаат да спијам во затвор, ќе спијам во затвор, но со крената глава. Јас сум невин. Оваа неправда е скандал. Ќе се жалам. Ќе се борам до последен здив“, рече Саркози, според „Ле Фигаро“.
Адвокатот на Саркози, Кристоф Енгрен, рече дека му е многу тешко што нема докази, туку само претпоставки.
„Тој беше осуден врз многу чудни основи, кои всушност се измислици. Причината зошто беше осуден е тоа што наводно бил обвинет дека им дозволил на своите колеги, Брис Ортфе и Клод Геан, да размислат за финансирање од Либија“, рече Енгрен.
Поранешниот француски претседател Никола Саркози беше осуден на пет години затвор во петокот, со доживотна суспензија, откако судот во Париз го прогласи за виновен за соучество во криминална организација во случај што беше отворен поради сомневања за либиско финансирање на претседателската изборна кампања во 2007 година, објави BFMTV.
Според францускиот телевизиски канал, ова значи дека Саркози ќе биде затворен во наредните недели.
Поранешниот француски шеф на државата, кој ја водеше Франција од 2007 до 2012 година, беше прогласен за виновен за злосторничко здружување помеѓу 2005 и 2007 година, објавува „Ле Фигаро“.