Жена (48) почина од тешки повреди што ги здоби во дворот на Прекршочниот суд во Ниш!
Според српските медиуми, дрво паднало врз жената вчера околу 15 часот во дворот на судот.
Жената е пренесена во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Ниш со сериозни повреди.
– Таа е донесена во болница со повреди на градниот кош и стомакот. Таа била во многу тешка состојба. Веднаш е извршена реанимација, но нејзината здравствена состојба одеднаш се влошила и покрај сите напори на лекарите, таа починала – вели неименуван извор.
Полицијата потврди дека несреќата се случила во дворот на Прекршочниот суд и дека жената починала во Универзитетската болница во Ниш.
– Спроведена е истрага и надлежното обвинителство е информирано – вели изворот.