Мираковски: Состојбата со квалитетот на воздухот во скопско Трубарево e нормализирана

Од:

Состојбата на квалитетот на воздухот во скопско Трубарево една недела по пожарот во складот за електронски отпад е нормализирана, а вредностите од мерењата се нормални за една урбана средина, истакна ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и раководител на лабораторијата АМБИКОН, Дејан Мираковски. Научниците истражувачи од лабораторијата АМБИКОН извршија мерења на воздухот во Трубарево од 14 до 17 септември и како што вели Мираковски веќе е публикувана работната верзија од извештајот во интерес на јавноста.

-Тие се детално публикувани, има анализи, еве се движат од 28 микрограми на кубен метар, просечната дневна, до некаде до 40, што е во рамките на дозволените 50 микрограми на кубен метар. Елементарниот состав е изразен во нано грами или милијардити дел на грамот во кубен метар и повторно ако треба да се сумира, тоа се концентрации кои се вообичаени за урбана средина и не се работи за некакви екстремни концентрации на ниту еден од елементите. Споредено со другите градови сме гледале и многу повисоки концентрации, а посебно во зимските периоди, кога е загадено многу повеќе, на сите елементи, коишто се дадени, изјави Мираковски.

Тој посочи дека не може да направи оценка врз основа на период од пет дена и затоа препорачуваат за превентива и во моментов не е потребно продолжување на хемиските анализи со референтни методи и со мерење.

-За превентива препорачавме да остане мониторингот во реално време, да остане за да може да с види, доколку се јавува некаков проблем. Доколку се врши било каква активност, а посебно активност, којашто ќе вклучува земјени работи, ископи, рушење и слично за чистење на локацијата сметаме дека задолжително треба да се води мониторинг со референтни методи и хемиска анализа на честичките во воздухот, рече Мираковски.

Ректорот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ истакна дека работната верзија од извештајот покажува дека немаме надминување на масините концентрации на цврсти субстендирани честички, додека пак елементарните концентрации би можеле да се оценат како вообичаени за урбана средина.

-Бидејќи не може да се направи споредба на дневните концентрации со годишните регулирани концентрации и крајно некоректно и несоодветно е да ја направиме таа споредба. Меѓутоа не се забележуваат некои невообичаени високи концентрации, на ниту еден од анализираните елементи, вклучително и на регулираните метали, коишто верувам се предмет на најголем интерес, никел, арсен кадмиум олово итн. Значи генерално вообичаени вредности, потенцира Мираковски.

Во моментов останува да се до анализираат уште два филтри од последниот ден на мерењето на воздухот во Трубарево и како што вели Мираковски потребни се дополнителни анализи за воденорастворливите јони.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on