Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

Од:

Наместо директна поддршка за граѓаните, власта врши притисок врз нив да не зборуваат за реалните проблеми, укажа претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешниот работен состанок во Струга со кандидатите за градоначалници и советници од СДСМ за претстојните локални избори.

Тој додаде дека освен лагите со кој оваа ВМРО ДПМНЕ дојде на власт, денес гледаме директен притисок врз граѓаните, особено врз синдикати, работници и семејства кои сакаат да се организираат и јавно да изразат незадоволство.

„Ги притискаат и нема да излезат во јавност. Со сите збориме со синдикати и работници сите да се плашат. Им се закануваат на телефон, дома им праќаат полиција. Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот. Да нема протести, да нема никаква организација“, укажа Филипче.

Во обраќањето Филипче беше дециден дека власта на ВМРО-ДПМНЕ функционира идентично како режимот на Никола Груевски.

„Имаме работа со истиот систем што го практикуваше Никола Груевски, ама исто идентично, на ниво на водење на државата, на ниво на менаџирање на потребите на граѓаните“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

При тоа, Филипче порача дека СДСМ нема да отстапи од политиките на солидарност и грижа за граѓаните, а секој проблем и предолг ќе биде слушнат.

“Ќе продолжиме отворено, транспарентно, инклузивно, на секој ќе му биде отворена, вратата да има шанса да даде предлог, да биде слушнат .Никој нема да биде дискриминиран по ниту една основа, ниту партиска, без разлика на која партија припаѓал Во времето на претходното владење на ВМРО-ДПМНЕ нема луѓето со што да споредат, сега имаат.Сега може да ја почувствуваат разликата“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат