(ВИДЕО) Спасен Силјаноски: Имаме поголем морал од српките пејачи, зошто би се соблекувал гол?

Од:

Спасен Силјаноски по конфликтот на социјалните мрежи со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во емисијата „ONE WAY“со Агнеса Органџиева кажа дека не ги навредил сите во локалната власт со неговите ставови против настапот на српската пејачка Марија Шерифовиќ.

„Не сум навредил никој, критиката треба да ја прифатат објективно, навредата е обратна, кон нас музичарите и кон македонската музика, кон нашите доајени кои ја создавале музиката. Ако некој си ја има „мувата на капата“ може да се чувствува навреден сепшак зависи од перцепцијата на гледаност, не може да е навреда ако кажам сакајте си ја Македонија или слушајте ја македонската музика, јас не повикувам да се слуша грчка музика, српска, бугарска албанска или не знам каква. Не може да е навреда ако кажете вие сте Македонец слушајте македонска музика па повторно сакајте ја останата музика. Навредата ја сооздаваат тие коишто ја отсликуваат таа слика со нивните постапки и организациски неспособности“, рече Силјаноски.

На прашањето зошто српската естрада е секогаш актуелна вели :

„Затоа што имаат трачеви. Се гордеат со своите трачеви, ние имаме поголем морал, поголеми морални вредности поголема етика, зошто би се рекламирал јас со голотија, со блуд, недозволени средства. Во однос на пејачките, не се битни голотијата и танчерските способности“.

Би можело да ве интересира

Од стриминг до онлајн игри: како се менува дигиталната забава во Македонија

Синот на Синди Крафорд пред смртта објави снимка од лекувањето

Предраг Петровиќ

Страшен напад од ајкула пред капачите: Мажот не преживеа

Белгиец потрошил околу 10.000 евра верувајќи дека е во емотивна врска со канадската пејачка Селин Дион

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пронајдено момче во Беринговото Море – речиси три дена пловел на превртен чамец

Бој Џорџ предизвика хаос со про-израелска песна: „Постојано чувствувам анксиозност, животот ми се промени од корен“