Минчев и амбасадорот Ле Риголер потпишаа Меморандум за соработка: Француска поддршка за професионализација на администрацијата

Од:

Државните службеници треба да бидат своевидни менаџери, добро да раководат со своите тимови, да ги спроведуваат владините одлуки и да бидат пример со своето одговорно и совесно однесување, рече денеска францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Министерството за јавна администрација (МЈА).

Според министерот Горан Минчев, Меморандумот е чекор напред во спроведувањето на реформите во јавната администрација, нејзината професионалност, транспарентност и ефикасност.

-Партнерството со Франција ја потврдува одлучноста на Македонија да изгради модерна, професионална и доверлива администрација која ќе биде двигател на развојот, сигурен партнер на граѓаните и столб на нашите европски амбиции, истакна Минчев по потпишувањето, потсетувајќи дека Министерството со француска поддршка ќе го спроведува проектот за јакнење на капацитетите и професионализацијата на администрацијата.

Проектот, напомена, ќе овозможи воспоставување академија за обука и стручно усовршување на административните службеници.

Франција, како што нагласи амбасадорот, има големо искуство во областа на јавната администрација, особено од апект на нејзина обука.

-Оваа соработка не сака воопшто да наметне свој систем или модел, туку токму спротивното – сакаме да го споделиме нашето целокупно искуство и да објасниме за грешките кои сме ги направиле, подвлече Ле Риголер, додавајќи дека и франција во моментов се наоѓа во продлабочена трансформација на јавната администрација.

Ле Риголер порача и дека трансформацијата на јавната администрација е значајна за трансформирање на општеството и негова европска интерграција.

-Освен важноста за европската интеграција, трансформацијата на јавната администрација е битна и за подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните, а ефикасна администрација значи ефикасни институции во служба на граѓаните, потенцира амбасадорот.

Би можело да ве интересира

Партизацијата, пријателските и роднинските вработувања ја направија администрацијата гломазна, бавна и неефикасна, вели Минчев

Македонија е дел од европското семејство и реформите во јавната администрација се клучен дел од тој процес, истакна министерот Минчев

Минчев: Независноста не е само спомен од минатото, таа е обврска кон сегашноста и иднината

Минчев: Модерна, транспарентна и ефикасна администрација е темел за успешно исполнување на европските стандарди

Горан Наумовски

Тематски состанок со високи претставници на Партнерството за отворена власт: Владата како пример за отворена влада

Средба Минчев–Ејакуза: Отворена власт и квалитетна администрација за подобри услуги кон граѓаните