Донарума: Горд сум што се приклучив на Манчестер Сити

Од:

Новиот голман на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, изјави дека е горд што се приклучил на еден од најголемите клубови во светот.

„Многу сум возбуден и горд што дојдов тука, Манчестер Сити е еден од најголемите клубови во светот. Отсекогаш сум сакал да играм во Премиер лигата, која верувам дека е најдобра во светот. Едвај чекам да ја започнам оваа нова авантура, со клуб кој сака да ги освои сите можни трофеи. Свесен сум за одговорноста, но сакам да му помогнам на клубот да ги постигне своите цели“, изјави Италијанецот за веб-страницата на клубот.

Донарума (26) пристигна во Манчестер Сити како замена за Едерсон, кој го напушти клубот по долга низа години и се пресели во Фенербахче.

Би можело да ве интересира

Донарума ново засилување на Манчестер Сити

Донарума: Немав намера да го повредам Мусијала

А1он

Донарума: Ме критикуваат таканаречени француски новинари кои не знаат што значи да се биде голман

А1он