Времен режим на сообраќај на патниот правец Гостивар – Тетово и на делницата Гостивар – Стража

Од:

Почнувајќи од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај, соопшти АМСМ.

Виадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона, наведуваат од АМСМ.

Би можело да ве интересира

Поради снимање сцена за филмот „Збогум Копакабано“ на Манчевски, утревечер времен режим на сообраќај

Времен режим на сообраќај на патот Велес-Неготино, автопатот Скопје – Куманово кај Бунарџик и делница Демир Капија – Смоквица

Времен режим на сообраќај на крстосница бул. „АСНОМ“ со ул. „Февруарски Поход“

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Привремен сообраќен режим на делницата Велес – Градско