Моторцикл се судри со трактор во валандовско, загина 34 годишник од Јосифово

Од:

МВР информира дека вчера попладне околу 14:00 часот во ОВР Валандово, било пријавено дека на регионалниот пат од с. Јосифово кон с. Пирава, кај место викано Железен мост“, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор имт“ со приколка, со валандовски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(75) од с. Пирава, валандовско и мотоцикл сузуки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од С.К.(34) од с. Јосифово, валандовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Валандово, од каде поради сериозноста на повредите бил пренесен во Градската општа болница Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде во 17.30 часот починал.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Валандово.

Би можело да ве интересира

Кривична за двајца скопјани осомничени за полов напад и силување

А1он

Со дронови и „Безбеден град“ пронајден превртениот мерцедес кај Блаце

Катерина Ѓуровски

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Приведен е 42 годишен гостиварец – ја нападна сопругата

А1он

Почина жител на Миладиновци – падна од тераса

А1он

Изминатиот викенд приведени се 64 возачи за безобѕирно возење

А1он