Уапсени се млади скопјани кои крадеа во маркет во Чаир

Од:

МВР информира дека денеска полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Х.(23) и Е.А.(19), кои насилно влегле во маркет на ул. Џон Кенеди“ во Скопје, на територија на Чаир и се обиделе да извршат разбојништво.

Во 04:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека три машки лица насилно влегуваат во маркетот, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициските службеници од Единицата за интервентна полиција и ПС Бит Пазар.

Откако ги виделе полициските службеници, лицата се дале во бегство, по што еден полициски службеник испукал еден предупредувачки истрел во воздух.

По преземените мерки, од слобода се лишени А.Х. и Е.А., а за едно лице се преземаат мерки за пронаоѓање.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Полицијата за шест часа напиша 63 казни за возење под дејство на алкохол – уапсени се осум возачи

А1он

Уапсени се двајца арамии кои крадеа само луксузни автомобили

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Се судрија автомобил и два мотоцикли кај наплатна рампа „Глумово“ – тројцата возачи завршија во болница

А1он

Прилепчанец возеше со 2,4 промили алкохол во крвта – се трезнеше во полициска станица

А1он

Уапсен велешанец – ја повреди мајка си, па кршеше предмети во домот

А1он