Зеленски: Не можам да одам во Москва, нека дојде Путин во Киев

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека го отфрла предлогот на рускиот претседател, Владимир Путин, да дојде во Москва на преговори за дипломатско решение на конфликтот.

Не можам да одам во Москва кога мојата земја е под ракети, под напади, секој ден. Не можам да одам во главниот град на овој терорист. Тој може да дојде во Киев“, рече Зеленски во интервју за американската телевизиска станица ABC News, за време на посетата на американски производствен погон во западна Украина, кој неодамна беше цел на руски напад.

Путин претходно оваа недела изјави дека никогаш не бил против средба со Зеленски“ и го покани својот украински колега да дојде во Москва, доколку е подготвен за тоа.

Сепак, Зеленски оцени дека станува збор за понуда насочена кон одложување на средбата, нагласувајќи дека самиот е подготвен за разговори во кој било формат“.

Ако некој не сака да се сретне за време на војната, може да предложи нешто што не е прифатливо за мене или за другите“, додаде Зеленски.

Според ABC News, американскиот претседател Доналд Трамп ја направил евентуалната средба меѓу лидерите на Русија и Украина приоритет во неговите напори за посредување во мировен договор.

Може да се случи трилатерална средба. За билатерална – не знам“, рече Трамп минатата недела.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Зеленски пристигна на бојното поле кај Покровск

Зеленски: Трамп ја поддржува Украина како идна членка на ЕУ

А1он

ВИДЕО: Русија распоредила 170 илјади војници во Донецк, објави Зеленски

Зеленски ја обвини Кина дека ѝ помага на Русија

А1он

Украина и европските земји подготвуваат план од 12 точки за прекин на војната

А1он

Експерт за говор на тело: Зеленски ги стискаше усните на средбата со Трамп – знак на напнатост што често се поврзува со фрустрација

А1он