Трамп: Сакам Путин да дојде на самитот на Г20 во Мајами

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека самитот на Г20 следната година ќе се одржи во Мајами, Флорида, и дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да дојде на тој самит.

Трамп им рече на новинарите во Овалната соба во Белата куќа дека самитот на Г20 ќе се одржи во Америка за првпат по речиси 20 години, објави Ројтерс.

„Додека ја славиме 250-годишнината од нашата нација следната година, Соединетите Американски Држави ќе имаат чест да бидат домаќини на самитот на Г20 тука во Америка за првпат по речиси 20 години“, рече Трамп.

Г20 е форум на земји основан во 1999 година, кој се состанува за да разговара за плановите за глобалната економија, а неговите членови сочинуваат 85 проценти од светското економско производство и 75 проценти од светската трговија, објави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Путин: Се надевам дека Вучиќ ќе биде премиер на Србија

А1он

Путин: Западот ќе мора да ја прифати реалноста на мултиполарниот свет

А1он

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“