Мерц: Сите згрешивме во врска со Путин

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европските лидери погрешно ја процениле руско-украинската криза и рускиот лидер Владимир Путин.

Сите ние згрешивме во врска со Владимир Путин. Вистината е дека јас секогаш бев скептичен. Но требаше и јас побрзо да ја сфатам заканата, многу пред неговиот напад на Украина во 2014 година, кога ја изврши инвазијата на Крим. А можеби и уште во 2008 година, кога ја нападна Грузија, рече тој.

Мерц укажа на историските размери на она што се случува, напоменувајќи дека Путин со агресијата врз Украина ја нападна втората најголема земја по површина на европскиот континент“.

Тој исто така предупреди дека Европејците со години ќе се соочуваат со овој авторитарен режим кој повеќе не ја почитува рамнотежата што порано постоеше“.

Мерц неодамна го нарече рускиот лидер најголемиот воен злосторник на нашето време“.

Би можело да ве интересира

Мерц: Трамп беше надигран и понижен

Мерц: Иран ги „понижува“ САД – Вашингтон без убедлива стратегија

А1он

Европа подготвува воена мисија во Ормусткиот теснец без Америка, Израел и Иран

Мерц за нападот врз Иран: Ако САД нè прашаа, ќе речевме – немојте!

А1он

Шпанскиот премиер ги игнорира повиците на Мерц поради Трамп

Катерина Ѓуровски

„Ова е отров“ – Макрон и Мерц за заканата на Трамп за повисоки царини

А1он