Зоран Јованов, таткото на Васил не се чувствува виновен за обвинението по кое му се суди

Од:

Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје изјави дека не се чувствува виновен и дека не разбира што точно му се става на товар. Тој е обвинет за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“, по трагичниот инцидент во кој неговиот син, управувајќи автомобил без дозвола и под дејство на алкохол, усмрти пешак.

Обвинителот Александар Марковски тврдеше дека Јованов, преку родителска попустливост, придонел за создавање на опасната состојба.

– Во случајот станува збор за еден ноторен факт – татковата љубов спрема синот единец била голема, но резултирала со несреќна пропустливост на родителот кон синот кој што се оддал и на пороци, рече тој.

Обвинителот посочи дека обвинителството ќе докаже дека таткото бил тој кој придонел да се генерира опасната состојба од страна на неговиот син, обвинетиот Васил Јованов.

-Факт е дека обвинетиот не доаѓал претходно во судир со законот и е офицер за пример во македонската Армија, но, тука не сме за да ја цениме и судиме неговата професионалност, туку тоа што тој требало да го направи, или не требало, како родител, дополни обвинителот.

Адвокатот Сашко Дуковски, застапник на Јованов, го оцени обвинението како правно неосновано и најави дека ќе бара детално образложение за секој поднесен доказ.

– Се работи за правен преседан незабележан во македонската правна историја – да го товарите таткото за дејствија кои ги сторил неговиот полнолетен син, рече Дуковски, кој посочи дека ќе бара детално образложение за правната релевантност на секој поднесен доказ.

На почетокот на денешното рочиште, таткото на Фросина Кулаков, Тодор Кулаков, упати прашања кон судечкиот совет, барајќи од судијката Снежана Марковска да се изземе од предметот.

-Редно е да се иземете од овој предмет, ова е наместено, рече Кулаков, по што беше отстранет од судницата.

Адвокатот Дуковски реагираше дека ќе го напушти судењето доколку Кулаков повторно му се обрати директно.

Јованов се гони за „загрозување на безбедноста на сообраќајот со опасно дејствие или средства“ откако обвинителството на изминатото рочиште врз основа на новоприбавени докази го измени обвинителниот предлог кој првично беше „предизвикување општа опасност“.

Обвинителниот предлог против Зоран Јованов, следува откако неговиот син, Васил Јованов, во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место.

Би можело да ве интересира

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за поседување и трговија со наркотици

Тодор Кулаков: Затвор за криминалците или ништо од ова судство!

А1он

Таткото на Васил Јованов не се појави на суд, државата сега ќе го гони за полесно кривично дело

Горан Наумовски

Одбраната на Јованов ќе се жали за висината на казната за која вели е највисока во историјата

Катерина Ѓуровски

12 години е награда за вакво убиство, мафијашки суд штити наркодилери, револт кај таткото на Фросина

Катерина Ѓуровски

Васил Јованов осуден на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова