Студентите на блокада и граѓаните кои ги поддржуваат денес организираат протест во Белград за да одбележат 10 месеци од уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Тие се собраа на неколку локации во Белград и оттаму тргнаа на прошетка, а планот е сите групи да се сретнат кај старата Железничка станица.
Прошетката треба да започне од Савски плоштад по улицата Немањина и да помине покрај Министерството за образование, потоа крај Студентскиот културен центар, Уставниот суд и Радио и телевизија на Србија, а потоа по улицата Македонска до Плоштадот Република.
Дел од учесниците се собраа кај Цветков пазар, од каде што се упатија кон Правниот факултет и се упатуваат кон станицата, додека студентите од Земун се сретнаа со учесниците од Нов Белград и се упатија кон поранешната станица.
Се очекува делови од улиците да бидат затворени за сообраќај додека демонстрантите поминуваат низ нив како дел од протестната прошетка.