Шукова: Скопје е наш заеднички дом што ќе остане силен само ако се грижиме еден за друг

Од:

Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска го посети манастирот Богородица во Матка по повод големиот православен празник – Успение на Пресвета Богородица.

На посетата ѝ се придружија секретарот на СДСМ Александар Саша Димитријевиќ и потпретседателката на партијата Ана Чупевска.

Во чест на празникот, Шукова упати честитка до сите сограѓани и православни верници, истакнувајќи дека овој ден има длабоко значење за Скопје и за неговите жители.

„На сите сограѓани и на сите православни верници им го честитам големиот празник Успение на Пресвета Богородица – заштитничката на нашето Скопје. Овој ден е повеќе од верски празник. Тој е симбол на верата, надежта и љубовта – вредности кои секогаш нè обединуваат и ни даваат сила да продолжиме напред,“ рече Шукова.

Таа нагласи дека празникот треба да биде потсетник дека добрината и сочувството се темелите на секое општество, како и дека заедништвото е клучно за изградба на подобро утре.

„Празникот нека ни донесе спокој, мир и благосостојба во нашите семејства. Нека биде потсетник дека Скопје е наш заеднички дом, кој ќе остане силен и жив доколку сите заедно се грижиме еден за друг и за вредностите што нè спојуваат,“ додаде таа.

Шукова го заврши своето обраќање со порака на љубов и надеж: „Со љубов кон луѓето и со надеж за иднината, нека ни е честит празникот Успение на Пресвета Богородица.“

Би можело да ве интересира

Шукова: Негрижата на ДПМНЕ и Арсовска го оставија во заборав булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Шукова: Нов стационар и комунална полиција наместо ад-хок мерки за бездомните животни

Горан Наумовски

Шукова: Наместо урбана метропола, Скопје е заложник на бизнис зделки – Ѓеорѓиевски е продолжена рака на Данела Арсовска

А1он

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Шукова: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски