Мерц: Ако Путин сериозно сака да прекинат убиствата, ќе се сретне со Зеленски

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го покани шефот на Кремљ, Владимир Путин, на приватна средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Сега е ред на Москва. Ако рускиот претседател е сериозен во врска со прекинувањето на убиствата, тогаш ќе ја прифати понудата. Ако руската страна не го преземе овој чекор, тогаш ќе биде потребен уште поголем притисок – рече Мерц по средбата со канадскиот премиер Марк Карни во Берлин, според Шпигел“.

Тој истакна дека ЕУ работи на воведување нов пакет санкции против Русија.

– Американскиот претседател Доналд Трамп, кој му даде рок на Путин од две недели пред десет дена, не исклучи понатамошни казнени царини. Ако таков состанок не се одржи, како што е договорено меѓу Трамп и Путин, тогаш топката е назад во нашиот двор. Мислам на Европејците и Американците – рече Мерц.

Како што изјави, трилатералниот состанок меѓу Трамп, Путин и Зеленски би бил следниот логичен чекор“.

Мерц спомена дека разговарал и за безбедносните гаранции на двете земји од НАТО со премиерот на Канада.

– Ова се безбедносни гаранции кои, пред сè, мора да имаат за цел да ѝ овозможат на украинската армија да ја брани земјата на долг рок – нагласи Мерц.

Коментирајќи ја можноста за стационирање западни копнени трупи во Украина, тој нагласи дека сите понатамошни прашања можат да се постават само по мировниот договор“.

Би можело да ве интересира

Мерц: Трамп беше надигран и понижен

Мерц: Иран ги „понижува“ САД – Вашингтон без убедлива стратегија

А1он

Европа подготвува воена мисија во Ормусткиот теснец без Америка, Израел и Иран

Мерц за нападот врз Иран: Ако САД нè прашаа, ќе речевме – немојте!

А1он

Шпанскиот премиер ги игнорира повиците на Мерц поради Трамп

Катерина Ѓуровски

„Ова е отров“ – Макрон и Мерц за заканата на Трамп за повисоки царини

А1он