Денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Попладне во источните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Како што соопшти Управата за хидро – метеоролошки работи, до петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен, а во недела ветерот ќе го смени правецот во северен.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со температури до 18 степени

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

Денеска сончево со слаб ветер, температура до 16 степени

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди

Денеска ќе е сончево и студено

Денеска сончево со минусни утрински температури, преку ден до 15 степени