Сончево и топло, со температура до 32 степени

Од:

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во текот на утрешниот ден, пак, ќе има услови за локален слаб дожд претежно во планинските региони.

Од УХМР велат дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината.

Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.

Би можело да ве интересира

Сончево и топло до 36 степени, попладне можни дожд и грмежи

Сончево и топло со темеператури до 33 степени

Сончево време со северен ветер

А1он

Променливо облачно, попладне локално невреме со дожд, ветер и град

Променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи

Катерина Ѓуровски

Сончево и топло, попладне локална нестабилност со пороен дожд