ФБИ го претресе домот на поранешниот советник на Трамп

Од:

Федералното биро за истраги (ФБИ) го претресе домот на поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон во Мериленд. Болтон беше член на првата администрација на претседателот на САД, Доналд Трамп, но подоцна стана критичен кон политиките на Трамп, изјави извор запознаен со ситуацијата, додавајќи дека Болтон не е уапсен ниту обвинет за никакво кривично дело, објави АП.

Според Њујорк пост“, истрагата ја наредил директорот на ФБИ, Кашјап Пател.

Неименуван висок американски функционер изјави за Њујорк пост“ дека истрагата првично била започната пред неколку години, но дека била запрена од политички причини“ од администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден.

Портпаролите на Болтон и Белата куќа не одговорија на прашањата, а адвокатот кој претходно го застапуваше немаше коментар, пишува АП.

Болтон беше советник за национална безбедност за време на првиот мандат на Трамп, позиција што ја држеше 17 месеци.

Во тој период, тој често се судираше со Трамп, особено околу прашања поврзани со Иран, Авганистан и Северна Кореја.

После тоа, Болтон стана критичар на стратегијата за надворешна политика на Трамп.

Неговото име стана предмет на јавно внимание поради книгата што ја напиша за своето време во администрацијата, за која официјалните лица велат дека открила класифицирани информации.

Иако Министерството за правда ја повлече тужбата во 2021 година и ја суспендираше истрагата за книгата, истрагата сега е повторно во тек за други аспекти на ракувањето со класифицирани документи.

Би можело да ве интересира

Експлозија во Калифорнија: ФБИ го идентификуваше осомничениот

Американската тајна служба го испрашуваше поранешниот директор на ФБИ откако објави фотографија на Инстаграм

Сенатот ја oдобри номинацијата на Каш Пател за директор на ФБИ

ФБИ откри илјадници нови документи за атентатот на Кенеди

Трамп нареди „чистка“ во ФБИ