Намачка со сланина влез на џамија, осуден е на 6 месеци затвор

Од:

Човекот кој го намачка влезот на џамија во британскиот град Гилингам со сланина е осуден на шест месеци затвор, објавија денес британските медиуми.

Извесен Маркус Едвардс (44) се сними себеси во таа прилика и тврдеше преку социјалните мрежи дека нема да биде фатен и дека „ќе ја осквернавуа џамијата секој ден“, објави обвинителството, пренесе Би-Би-Си.

Едвардс денес се изјасни за виновен на суд за предизвикување штета во вредност помала од 5.000 фунти и оштетување на имот од верска основа.

„Ова беше напад врз џамија и особено стресен за нашата локална муслиманска заедница во време кога таа веќе се чувствува ранлива поради неодамнешните настани во земјата“, рече обвинителот Крис Венкасами.

Тој додаде дека Едвардс арогантно тврдел дека ќе ја избегне правдата, но бил идентификуван и осуден во рок од неколку дена, па правдата сепак го стигна, објави Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

Ја пратија дома со дијагноза ангина – почина две недели пред нејзиниот шести роденден

А1он

Британскиот премиер им порача на граѓаните да направат залихи од храна и вода

А1он

Стотици училишта во Велика Британија добија заканувачки пораки потпишани со „Алах акбар“

А1он

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

(ВИДЕО) Драма во Британија: Авион се запали во воздух, пилотите се катапултираа пред падот

Обединетото Кралство пред распад: Лидерите на Северна Ирска, Шкотска и Велс потпишуваат историски договор

Предраг Петровиќ