Започна блокадата на зградата на судот во Нови Сад, присутна е и полицијата: Граѓани и студенти на влезовите

Од:

Студенти и граѓани утрово го блокираа влезот во судската зграда во Нови Сад поради, како што рекоа, неосновани апсења. Тие се распоредија на сите четири влеза во зградата и не дозволуваат никому да влезе. Полицијата е присутна во зградата и зад оградата на задниот влез.

Граѓаните прават бучава со свирење со свирки, вувузели и удирање со тапани.

Студентите изјавија дека блокадата е чин на отпор „против неоснованите апсења и законското насилство што се спроведува врз нашите колеги и пријатели во последните денови“.

Тие бараат итно ослободување на сите оние кои, како што тврдат, се приведени без докази и против кои се поднесени сериозни кривични и прекршочни пријави, „вклучувајќи обвиненија за напад врз службено лице, насилно однесување, нарушување на јавниот ред, па дури и обид за тешко убиство“.

Објаснувајќи ги причините за новата блокада на судската зграда, тие истакнуваат дека досега 12 нивни другари се во притвор до 30 дена.

Шестмина кои се обвинети за обид за тешко убиство за наводен напад врз членови на Одредот за воена полиција одспецијална намена „Кобра“ за време на протестот минатата недела во Нови Сад се во притвор до 30 дена.

Петмина се во затворот во Клиса, додека шестиот, поради влошена здравствена состојба, е во домашен притвор.

Граѓаните претходно протестираа пред судот во недела и понеделник, кога беше одлучено од денес да се започне со блокирање на зградата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Граѓаните дека сите можат да бидат мирни, државата си ја врши работата одговорно

(ВИДЕО) Директорот на српската полиција вели: Некој сака јавноста да не види што е пронајдено во Ректоратот

(ВИДЕО) Протест во Белград: Блокадерите повикуваат на линч на полицајци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снимката покажуваат колку граѓани дојдоа да ги поддржат студентите и Универзитетот во Белград

(ВИДЕО) Белград: Протест пред Ректоратот поради упадот на УКП, повеќе инциденти и конфликти меѓу полицијата и граѓаните

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се гледаме утре и секој ден, сè додека нема правда – порака од големиот собир во Нови Сад

Катерина Ѓуровски