„Јон Вардар против Галаксијата“ на Цветановски со азиска премиера во Манила

Од:

Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски ќе ја доживее својата азиска премиера на крајот на месецов, на 11. издание на Bakunawa Film Festival во Манила, Филипини.

Фестивалот го носи името на „Бакунава“ – митска морска змија од филипинскиот фолклор за која се верува дека предизвикува затемнувања на месечината, и е специјализиран за жанровски филмови: научна фантастика, хорор и анимација. Со проекции, работилници и семинари, Bakunawa Film Festival претставува една од највлијателните платформи во регионот за промоција на жанровскиот филм.

-Чест ми е што филмот ќе биде прикажан токму на фестивал кој го носи името на едно толку моќно и мистично суштество од фолклорот. Пред десетина години работев на проект каде што главниот негативец беше исто така огромна морска змија, па ова го сметам за еден вид митска коинциденција. Инаку, имаме уште неколку селекции во Азија кои дополнително ќе ги објавиме, изјави режисерот Гоце Цветановски.

„Јон Вардар против Галаксијата“ досега е прикажан на голем број фестивали ширум светот, а освои и две меѓународни награди за најдобар анимиран филм во Италија и Еквадор. Азиската премиера во Манила, се посочува, е уште еден значаен чекор во неговото глобално патешествие.

Би можело да ве интересира

„Јон Вардар против Галаксијата“ со награда за најдобра анимација во Италија

Македонската анимација стигна до Уругвај: „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Монтевидео

Горан Наумовски

„Јон Вардар против Галаксијата“ овој викенд на Grossmann Fantastic Film & Wine Festival во Словенија

Награда во Еквадор за „Јон Вардар против Галаксијата“

Италијанска премиера на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на Cartoons on the Bay во Пескара

Премиера во Грузија на „Јон Вардар против Галаксијата“