Словенецот Шешко и официјално е играч на Манчестер Јунајтед

Од:

Словенецот Бенјамин Шешко е нов играч на Манчестер Јунајтед, соопшти трофејниот англиски клуб.

22-годишниот фудбалер потпиша договор до 2030 година, а трансферот е вреден 76,5 милиони евра и дополнителни 8,5 во бонуси.

– Историјата на Манчестер Јунајтед е посебна, но мене ме возбудува иднината. Кога зборувавме за проектот беше јасно дека имаат за цел овој тим да се надоградува и да расте и повторно да бидеме во борба за пехари. Сакам да го достигнам својот максимум и да ги исполнам сите свои желби – изјави Шешко за официјалниот сајт на клубот.

Словенецот претходната сезона за бундеслигашот Лајпциг на 45 натпревари постигна 21 гол.

Јунајтед ова лето потроши 150 милиони евра за Матеус Куња и Брајан Мбуено.

Би можело да ве интересира

Јунајтед скапо ќе плати за смената на Керик – „ѓаволите“ ќе мора да одвојат 12,4 милиони евра

А1он

Првпат по 38 години Манчестер Јунајтед е без победа на 9 меча во сите натпреварувања

А1он

Конте е подготвен да го преземе Манчестер Јунајтед

А1он

Бруно Фернандеш е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед го победи Ливерпул во дербито на Премиер лигата

Нико Ковач – кандидат за менаџер на Манчестер Јунајтед

А1он