Стармер: Трамп, направи нешто за кризата со храна во Газа

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на еден од неговите голф терени во Шкотска, каде што Стармер ги повика САД да преземат поголема улога во решавањето на сè посериозната криза со храна во Газа.

Стармер и неговата сопруга Викторија пристигнаа во имотот на Трамп во Тарнбери, на јужниот брег на Шкотска, каде што републиканскиот претседател се сретна со нив, разговараше неколку минути и гордо им ги покажа најважните делови од имотот.

Сепак, британскиот премиер не чекаше да влезат внатре за да им посочи дека Газа ќе биде клучна тема на состанокот, оценувајќи ја ситуацијата како очајна“, пишува АП.

Трамп изрази загриженост за хуманитарната криза и го повика израелскиот премиер да преземе мерки откако се појавија слики од неухранети деца.

На прашањето дали се согласува со тврдењата на Нетанјаху дека загриженоста за евентуално масовно гладување во Газа е претерана, Трамп одговори:

Не знам. Судејќи според она што го гледате на телевизија – тие деца изгледаат многу гладни“.

Би можело да ве интересира

Трамп: САД ќе го бомбардираат Иран ако не се постигне конечен договор во рок од 60 дена

А1он

Нова шлаканица за Нетанјаху: Америка го отфрли барањето на Израел да го види меморандумот со Иран

Трамп бесен по израелскиот напад врз Бејрут: „Не требаше ова да се случи“

A1on

Трамп наполни 80 години, се слави во Белата куќа

A1on

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

А1он

Трамп: Го убивме шефот на една од најкрволочните терористички организации на планетата

А1он