Со законски измени ќе се департизира и ќе се професионализира јавната администрација

Од:

Гаранција за департизација и професионализација на јавната администрација, според министерот за јавна администрација Горан Минчев, се пакетот од реформски закони што веќе се донесени, а до крајот на годината се очекува да бидат донесени уште три нови закони.

Минчев денеска најави дека во следниот период ќе се започне со јавни расправи за новиот пакет закони меѓу кои се Законот за високораководна служба и Законот за висината на платите, коишто би требало да бидат донесени до крајот на годинава.

– Се надевам дека ќе ги донесеме до 31 декември 2025 година, иако изборниот процес може малку да го оддолжи носењето на овие закони, рече Минчев, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на реновираниот Центар за обуки на административните службеници на Министерството за јавна администрација.

Според Минчев, има силна политичка волја јавната администрација да се направи да биде департизирана и професионална, а најдобар показател за тоа е донесениот пакет од четири закони.

– Пред извесен период се донесени пакет на четири рефрмски закони коишто 10 години наназад не беа донесени. Овие закони пет години беа дел од извештајот на ЕУ како прв чекор за да тргнеме кон реформите во јавната администрација. Тоа е јасен показател дека само за една година оваа Влада го носи тоа што 10 години наназад не е донесено и ги прави суштинските чекори во начинот на размислување како треба да изгледа јавната администрација. Гаранција за департизирање на јавната администрација се новите законски решенија односно зголемувањето на критериумите кои се во рамки на тие закони за учество во рамки на јавните огласи што понатаму ќе ги распишуваат институциите, истакна Минчев.

Би можело да ве интересира

Минчев: Реформите мора да имаат практичен ефект врз институциите и граѓаните, а не да останат декларативни

Партизацијата, пријателските и роднинските вработувања ја направија администрацијата гломазна, бавна и неефикасна, вели Минчев

Минчев и амбасадорот Ле Риголер потпишаа Меморандум за соработка: Француска поддршка за професионализација на администрацијата

Катерина Ѓуровски

Македонија е дел од европското семејство и реформите во јавната администрација се клучен дел од тој процес, истакна министерот Минчев

Јавната администрација нема повеќе да биде партиски плен, ќе биде професионална, ефикасна и ќе работи за граѓаните, порача Мицкоски

Горан Наумовски

Минчев: Независноста не е само спомен од минатото, таа е обврска кон сегашноста и иднината