Јунајтед го „краде“ Ѓокереш од Арсенал?

Од:

На прагот сме на неверојатен исход, најголемата трансфер сага во поновата фудбалска историја.

Арсенал и напаѓачот на Спортинг, Виктор Ѓокереш, флертуваа“ цело лето, неколкупати се објави дека сè е завршено и дека Микел Артета конечно ќе добие вистинска деветка“, која ја немал со години, но секогаш се појавуваше нешто што ги расипуваше плановите и на топџиите“ и на Швеѓанецот, кој со сите сили сака да се пресели во Лондон.

Арсенал понуди 63.500.000 евра фиксни + 10.000.000 преку бонуси, Спортинг од Лисабон побара повеќе, на крајот наводно се согласија со некои корекции во врска со бонусот, преговорите неколку пати влегоа во ќорсокак“, но двете страни се вратија на маса.

Сепак, во текот на изминатите пет дена, Арсенал молчеше…

И се чини дека тоа го искористи Манчестер Јунајтед, кој се појави од никаде, нудејќи помеѓу 70.000.000 и 80.000.000 евра, а португалски А Бола“ пишува дека шампионот на Португалија е подготвен да го прифати тоа.

Така, менаџерот на Јунајтед, Рубен Аморим, би добил големо засилување во форма на играч што го изваја“ во Спортинг, а Арсенал би доживеал класичен нокаут“ што неговите фанови не го паметат.

Ѓокереш постојано нагласуваше дека негова голема желба е да игра за Арсенал, да се бори за титулата во Премиерлигата и да игра во Лигата на шампионите, но…

Целата ситуација околу преговорите ескалираше толку многу што, според португалскиот Маисфутебол“, таткото на Ѓокереш се расплака пред неколку дена.

Арсенал премногу се двоумеше, сега Јунајтед влезе“ и ќе видиме…

Се чека одговор од топџиите“, кои наводно немале никаков контакт ниту со Ѓокереш, ниту со Спортинг од понеделникот.

Сè уште не е завршено, но оваа сапуница“ се претвори во драма и ќе видиме како ќе заврши.

Би можело да ве интересира

Арсенал донесе огромно засилување за 55 милиони евра

Предраг Петровиќ

Рекорден трансфер во женскиот фудбал – талентирана Канаѓанка потпиша за Арсенал

А1он

Голгетерот на Спортинг го одби Јунајтед, сака да игра за Арсенал

А1он

„Бомба“ од Островот – Манчестер Јунајтед го носи Александар Митровиќ?!

А1он

Аморим: Јунајтед може да биде најлошиот премиерлигаш кој освоил европски трофеј

А1он

(ВИДЕО) Шведската гол машина не запира – 52

А1он