Сончево и топло, со температура до 39 степени

Од:

Сончево и топло време со температура до 39 степени Целзиусови се очекува денеска, а под влијание на топла воздушна маса од југ, високите температури ќе продолжат и во наредните денови.

Поради зголемениот УВ индекс и ризикот од топлотни бранови, надлежните институции препорачуваат престој во разладени простории, внесување доволно течности, избегнување физички активности во најтоплите часови, како и посебна грижа за ранливите категории на граѓани.

Согласно најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени.УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.

Би можело да ве интересира

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен

Облачно со дожд, но топло, темепратури до 24 степени

Катерина Ѓуровски

Температури до 26 степени денеска, во продолжениот викенд врнежливо

Сончево со темепратури до 25 степени, утре попладне дожд