Москва сруши рекорд од 1903 година

Од:

Во Москва денеска е измерена температура од 34,6 степени, со што е срушен рекордот за температура поставен пред 122 години, изјави научниот директор на Рускиот хидрометеоролошки центар – Роман Вилфанд.

Вилфанд изјави за Интерфакс дека рекордната температура е измерена во Москва денес во 15 часот по локално време.

Тој изјави дека претходниот рекорд за температура од 34,5 степени е измерен во Москва во 1903 година.

Вилфанд истакна дека во наредните денови не се предвидуваат нови рекорди за температура, туку постепено намалување на температурата.

Би можело да ве интересира

Кремљ ја презема руската имотна база на Nestlé и Auchan

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Путин возвраќа: Русија го затвора германскиот конзулат и „Гете-институтот“

A1on

Зеленски: Киев е подготвен привремено да ги запре нападите врз Москва

Горан Наумовски

Москва испрати итен апел: „Украина го загрозува цивилното воздухопловство“

Русија и Германија дополнително ги заоструваат односите: германски дипломат повикан во Москва