(ВИДЕО) Петрушевски: На повеќе места пожарите се подметнати, истрагата води до лица блиски до опозицијата

Од:

СДС со невидена леснотија се радува на секоја катастрофа во државата, надевајќи се дека ќе добие некој ситен политички поен, ако Македонија минува низ предизвици. Пожарите кои гореа низ државата, а за кои веќе се докажува дека не се чиста природна непогода, туку човечки подметнати, од лица блиски до опозицијата, беа главна тема на политичкиот наратив на СДС“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тој вели на повеќе места низ државата на местата на пожарите меѓу другото најдени се и дрва потопени во бензин, гума, ракавици. Истрагата на институциите дојде и до лица блиски до опозицијата, кои се веќе и во притвор. Секој може многу јасно да види дека државата не гори само од природни непогоди, туку и од човечки фактор“.

И додека некој подметнуваше пожари, а некој ликуваше преку политички соопштенија, институциите го дадоа својот максимум и навремено локализираа и изгаснаа десетици пожари низ државата. Повикуваме на одговорен пристап на СДС, тие беа власт до пред само 1 година, а на државата и оставија расипани авиони без пилоти, стари возила и недоволна опрема“ рече Петрушевски.

Би можело да ве интересира

Од палење гуми во двор, пожар се прошири во шумата кај делчевско Бигла

А1он

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

Активни се пожари во осум општини во Македонија

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Активни повеќе од 15 пожари на отворен простор – четири се големи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски