Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати порака по повод 30 години од геноцидот во Сребреница, во која оддаде почит на жртвите и истакна дека ова злосторство засекогаш ќе остане опомена за светот.

„Денеска се навршуваат 30 години од ужасното злосторство во Сребреница, кога во јули 1995 година, над 8.000 невини луѓе беа убиени во еден од најголемите геноциди во историјата на Европа по Втората светска војна,“ порача Филипче.
Тој истакна дека ова злосторство против човештвото не само што го потресе светот, туку ги разниша и темелите на човечкото достоинство. „Геноцидот во Сребреница ќе остане врежан во сеќавањето како еден од најтемните моменти во историјата, потсетник на ужасите на војната и опасноста од екстремниот национализам кој слободниот и демократски свет засекогаш ќе го осудува,“ нагласи претседателот на СДСМ.

Филипче упати и апел за иднината: да се сеќаваме, да осудиме омраза и насилство и да изградиме општество на соживот и безбедност за сите. „На овој ден, да оддадеме почит кон жртвите, да се сеќаваме и никогаш да не дозволиме ваков геноцид да се повтори. Да ги осудиме сите форми на насилство и нетолеранција, и да градиме свет во кој луѓето ќе живеат без страв од омраза и поделби,“ порача Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче и Заев уживаат во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје Коцевски ги брани со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

Филипче: Власта да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на евроинтеграциите