Синоќа во близина на бензинска пумпа во Тетово, полицајци го уапсиле С.С.(74) од с Мала Речица.
„Тој околу 20 часот на негова нива во Тетово вршел земјоделски работи и при тоа на три места во нивата запалил сува трева и отпадоци. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле кон местото на настанот и го лишиле од слобода С.С., а огнот бил изгаснат од страна на ТППЕ Тетово. С.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност“.