Влен: Вистината што ДУИ сака да ја скрие со лаги: 20 години на власт, нула Албанци во одредени институции

Од:

Секојдневно, ДУИ шири ниски и бесрамни лаги против владеењето на Влен, обидувајќи се да ја измами јавноста со празни тврдења за наводно намалување на застапеноста на Албанците во институциите. Но вистината е поинаква, а фактите говорат јасно, велат од Вреди.

„Имено, истата таа ДУИ што денеска зборува за застапеност, била 20 години на власт и за тоа време ги оставила Албанците со нула застапеност во многу клучни државни институции. Еве неколку докази за оваа хипокризија:

0 Албанци во Специјалната единица „Тигри“
0 Албанци во Специјалната единица „Волци“
0 Албанци во Единицата за брза интервенција
0 Албанци во Дирекцијата за слободни економски зони
0 Албанци во Академијата на науките
0 Албанци во Агенцијата за филм

ДУИ нема право да зборува за застапеност, таа е партијата што ја предаде Охридската рамковна спогодба и крвта на мачениците кои се бореа токму за правична застапеност и еднаквост во секоја институција. За ДУИ, Албанците во овие институции беа еднакви на нула! Влен нема повеќе да дозволи лагите да станат стандард. Ќе продолжиме да ја кажуваме вистината, да ја разобличуваме секоја институција каде Албанците се исклучени и да работиме за вистинска еднаквост! А колку Влен се грижи за Албанците, покажува и фактот што само за една година владеење го донесуваме Законот за правична и соодветна застапеност, кој покрај подобрувањето на застапеноста, гарантира и поквалитетен кадар, професионалци со реално влијание во носењето одлуки. Албанците не се бројки за манипулација, ниту нули за игнорирање, велат од Влен.

Би можело да ве интересира

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Вреди: ДУИ ја продаде еднаквоста за „Соравија“

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи, со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот?

Горан Наумовски

Сејдиу: Пописот од 2021 година не беше неуспех, туку предавство

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ