Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ

Од:

Пристапувањето кон ЕУ е клучен двигател за спроведување на најважните реформи, па затоа е важно Македонија да продолжи да напредува во пристапниот процес, пред се, со спроведување на уставните измени, изјави вечерва еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година.

– Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ и да го искористи моментумот на проширување што е очигледно, постои. Ние продолжуваме да ја поддржуваме Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската Унија, истакна Кос.

Кос нагласи дека со овој Извештај ЕУ дава јасна порака за поддршка на европскиот пат на земјата, но ги наведува и условите кои се потребни за таа да се придвижи напред.

– За време на моите разговори со лидерите на Северна Македонија во Скопје, минатата недела, ја истакнав нашата посветеност како ЕУ да ја поттикнеме земјата да продолжи напред во процесот на пристапување. Исто така, во неколку наврати, потсетив на потребните чекори што треба да се преземат за да се отворат пристапните преговорите за кластерот „Основани вредности“. Единствен начин за тоа е да се усвојат уставните амандмани, рече Кос.

Таа потсети дека земјава до Европската комисија веќе доставила ажурирани патокази за владеењето на правото и за реформа на јавната администрација, дека продолжува да работи на акцискиот план за заштита на малцинствата, како и дека зазела проактивен пристап во однос на Планот за раст на Западниот Балкан, со што беше првата држава од регионот на која и беше исплатено претфинансирање во рамките на Реформската агенда.

– Овие напорите не треба да запрат тука, бидејќи спроведувањето на реформите е од суштинско значење, истакна еврокомесарката.

Таа нагласи и дека земјава останува посветена на целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, со што ги потврдува нејзините конзистентни и долгорочни европски аспирации.

– Извештајот за Северна Македонија дава сеопфатна и избалансирана проценка на ситуацијата во земјата, вклучително и во клучните области, како што е владеењето на правото. Северна Македонија треба да ги засили реформите, особено во областа на прашањата за основните права и треба дополнително да го зајакне владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата и да ја реформира јавната администрација, рече Кос.

Таа воедно упати и благодарност до Европскиот парламент за, како што рече, неговиот постојан ангажман во зајакнувањето на демократските процеси во земјава и неговата клучна улога во охрабрувањето на сите политички сили конструктивно да работат заедно на унапредување на нејзиниот пристапен пат.

Би можело да ве интересира

Италија започна да си ја истражува земјата за минерали, македонските геолози велат дека во тоа лежи енергетската иднина

Разговарано е со САД за царински олеснувања, може ќе сме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови, вели Мицкоски

ДУИ: Вистината е дека Македонија сè повеќе тоне во изолација

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

ЗНАМ: СДСМ се во длабока криза и прашање е нивниот опстанок после локалните избори