Борис Бекер чека дете со 23 години помладата сопруга

Од:

Борис Бекер и неговата 23 години помлада сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро го очекуваат своето прво дете!

Поранешниот германски тенисер ја сподели добрата вест на својот официјален Инстаграм профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Becker (@borisbeckerofficial)

Неговата сопруга гордо позираше пред објективот на камерата, а нејзиниот труднички стомак беше забележлив.

„Мало чудо доаѓа. Најдоброто допрва доаѓа“, рече тој во описот на фотографијата, а бројни корисници на мрежата испратија честитки и позитивни реакции.

Во неодамнешно интервју, Борис Бекер зборуваше за тоа колку ја обожува својата Лилијан.

„Се запознавме во време кога се чувствував многу лошо – професионално, ментално и физички. Се чувствував полошо од кога било досега во мојот живот. И покрај тоа, Лилијан беше заинтересирана за мене“, рече тој, меѓу другото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Boris Becker (@borisbeckerofficial)

Да потсетиме дека Борис Бекер има четири деца од претходните врски.

Би можело да ве интересира

Борис Бекер нема дилеми: Новак, Рафа и Роџер се за класа подобри од сите останати

А1он

Борис Бекер се најде во центарот на скандал поради неговата изјава за Адолф Хитлер