ВЛЕН: ДУИ се обиде да ја избрише албанската дијаспора, Уставниот суд ја поништи нивната манипулација

Од:

Одлуката на Уставниот суд го потврдува она што ние во ВЛЕН го кажуваме долго време: последниот попис на населението, предводен од тогашната влада на ДУИ-СДСМ, беше една од најштетните и навредливи акции за албанската дијаспора, велат од ВЛЕН.

„Претходната влада, преку Заводот за статистика и во целосна координација со политичките структури на ДУИ, ги создаде категориите “резидентно население“ и “нерезидентно население“, третирајќи ги нашите иселеници како граѓани од втор ред. Ова беше намерен политички чин за минимизирање на вистинската тежина на Албанците во државата.

Ова беше обид да се поништи придонесот и политичката тежина на албанската дијаспора, за ситни партиски интереси. Во очаен обид да ги измијат рацете од одговорност, ДУИ праќа свој пратеник за да ја брани неправдата што ѝ ја нанесе на албанската дијаспора, со разработени, но празни аргументи.
Ние во ВЛЕН јасно го кажуваме: штетата е направена, но ќе ја исправиме секаде каде што е можно! Одлуката на Уставниот суд е победа за правото, победа за албанската дијаспора и доказ дека државата не може да се однесува арогантно кон своите граѓани.

ВЛЕН е посветена на воспоставување на достоинството на албанската дијаспора, целосно вклучување во политичкиот и институционалниот живот и исправување на секоја неправда наследена од минатите влади, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ВЛЕН: Нови пресметки во ДУИ, Ахмети, Груби и Османи повторно во центарот на внатрепартиските судири

Горан Наумовски

ДИУ: Вреди постои како име за пропаганда