(ВИДЕО) Мицевски: Тепачот Акиов по налог на Филипче направи инцидент во Кочани

Од:

Филипче да знае, никој нема да заборави дека тепачот Акиов по негов налог направи инцидент во Кочани. Колку и да се крие Венко Филипче, колку и да бега од одговорност и да не го повикува да си поднесе оставка советникот тепач од Кочани, народот нема да заборави на ужасните сцени од Советот во Кочани, вели Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Додека цела Македонија сè уште е трогната, Венко Филипче собира политички поени. Филипче мисли дека ако создаде дестабилизација во Кочани, ќе инкасира некој политички поен, но дебело се лаже. Тепачот Акиов е демаскиран. Сите знаат дека е човек од доверба на Заев и Филипче. Филипче ќе плати политичка цена за обидот за дестабилизација и манипулација на народот, кажа Мицевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали насилството е дел од стратегијата на Филипче, кој му даде „зелено светло“ на Акиов?

Мицевски: Филипче не смее да побара оставка од тепачот Акиов, се плаши ли дека ќе проговори за нивната врска?

(ВИДЕО) Мицевски: Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат