Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Албанија

Од:

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Албанија денес, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил утрово во 3.04 часот, на длабочина од пет километри.

Како што е објавено, областа била погодена од неколку последователни потреси, од кои најсилните биле со јачина од 3,0 и 3,4 степени.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на земјава со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Албанија

Земјотрес ја погоди Албанија