Дозволено е 80, а тој возеше со 190 километри на час – уапсен е тетовец

Од:

МВР информира дека вчера претпладне во 10.51 часот на патот Гостивар – Тетово, кај клучка Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Б.М.(29) од с. Пирок, тетовско.

При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Возеше пијан со 200 км на час – заработи пријава

А1он

Пријава за тетовец: Во возило превезувал седум мигранти, меѓу нив и малолетници

Горан Наумовски

Државјанин на БиХ со хрватски „мерцедес“ возеше над 207 км на час на пат во Србија

А1он

Уапсен е штипјанец – со „бентли“ возеше 143 километри на час на пат каде е дозволено 50

А1он

Притворен е 49-годишен маж од Тетово кој „делеше“ закани на Фејсбук

Горан Наумовски

Тетовец полово вознемирувал малолетно девојче