Димитриеска-Кочоска: Инвестициите остануваат приоритет

Од:

Владата денеска на предлог на Министерството за финансии го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година. На прес-конференција измените и дополнувањата ги презентираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, којашто истакна дека Ребалансот ги следи основните приоритети на фискалната политика, а тоа е продолжување на фискалната консолидација, обезбедување макроекономска стабилност и поттикнување на развојот.

„Инвестициите остануваат приоритет на Владата и тоа го следи овој Предлог-ребалансот на Буџетот, а целта е да ја поттикнеме економската активности и да го оствариме проектираниот раст. Истовремено, измените и дополнувањата на Буџетот се продолжение и на нашите напори за фискална консолидација и домаќинско управување со јавните средства, односно парите на даночните обврзници“, истакна министерката.

Вкупните приходи со ребалансот се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари или за околу 1 % повеќе во однос на Буџетот, односно за околу 3,5 милијарди денари. Вкупните расходи се планирани на ниво од 403,7 милијарди денари и исто така бележат раст од околу 1%, односно за околу 3,5 милијарди денари, што се должи пред се на развојната компонента.

„Со предложените измeни, или ребаланс вршиме реалокација на средства помеѓу буџетските корисници, до обезбедуваме средства за непречена исплата на плати пред се во Министерството за внатрешни работи, каде обезбедивме раст на платите на вработените од 10%. Исто така, се обезбедени дополнителни средства за исплата на зголемените пензии и транзициски трошоци и најважно е обезбедувањето дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи“, потенцира министерката за финансии.

Таа појасни дека капиталните расходи се планирани во висина од 47,5 милијарди денари и се во насока на додавање средства за динамизирање на реализацијата на проектите кај коишто е веќе потврдена добра реализација, пред се во Министерството за одбрана. Исто така, посочи, дека продолжува финансиската поддршка и соработка на Владата со општините, за кои претходно со донесената Прераспределба беа обезбедени дополнителни 600 милиони денари.

„Оттука, како што потенцира, со ребалансот не се ревидира стапката на раст и таа останува на 3,7%, како што беше проектирана и со Буџетот за 2025 година. Остварувањата во првиот квартал и регистрираниот раст на БДП од 3 % и 3,2% прилагоден согласно сезонските и календарските податоци, е јасен сигнал дека проекцијата е остварлива и реална. Очекуваме таквиот тренд да продолжи и во наредниот период поддржан пред се од домашната потрошувачката, зголемените инвестиции во инфраструктурата и енергетиката, финансиската поддршка на инвестициската активност на домашните производни компании, но и мерките за зголемување на расположливиот доход на домаќинствата“, наведе Димитриеска-Кочоска.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Обезбедивме допонителни 600 милиони денари за инвестиции за локален развој и реализација на општинските проекти

Димитриеска- Кочоска: Од 1 јули намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија

Димитриеска-Кочоска за Договорот со Велика Британија: Се ќе биде согласно закон и транспарентно

А1он

Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто

Димитриеска-Кочоскa: Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард

А1он

Димитриеска-Кочоска на средба со македонската бизнис заедница во Чикаго: Поддршката на Владата е целосна кон сите што сакаат да работат во Македонија

А1он